четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За оние кои не вежбаат, а сакаат рамен стомак: Не грижете се, постои решение!

За оние кои не вежбаат, а сакаат рамен стомак: Не грижете се, постои решение!

Имате сало на стомакот, а никако не можете себеси да се принудите да уплатите месечна членарина за теретана или едноставно да започнете да трчате?

Имаме решение за вас!

Нормално дека не постои напиток кој што налик на волшебно стапче од бајките ќе ве претвори во супермодел. За добра линија сепак е потребно засекогаш да се откажете од нездравите навики, особено во исхраната, како и да влијаете на самоконтролата.

Сепак, ако сакате предлог за оброк или ужинка, кој што може да ви помогне во процесот на слабеење, нутриционисти предлагаат да го пробате овој банана шејк со бадемово млеко.

Покрај тоа што е многу вкусен, лесно се подготвува.

Состојки:

-500мл бадемово млеко

-2 смрзнати банани

-2 мали лажички бадемов путер или кососово масло

-2 лажици грчки јогурт

-2 мали лажички јаворов сируп или мед (по избор)

-малку морско оревче

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и пасирајте. Сипете во чаши и уживајте.