Кога сте во “оние денови”, често и најсилните лекови против болки немаат ефект. Но, затоа тука се растенијата, кои со своите лековити својства можат да ве ослободат од мачната менструална болка.
Менструалните болки не се ретки, а повеќето од жените ги имаат искусено. Акутната стомачна болка, придружена со главоболка, гадење, повраќање и надуеност, се најчести во првиот ден од менструалниот циклус, но можат да потраат и до вториот, третиот, па дури и четвртиот ден.
Доколку ја масирата стомачната област со етерични масла од камилица, јасмин или жалфија, грчевите и болките ќе се намалат. Исто така, билниот чај подготвен од мешавина на малини, нане и лимон дава одлични резултати во намалување на болките.
Ѓумбирот исто така е одличен лек за болните менструации, а од него може да направите чај или да го користите свежо изрендан како додаток за чај.
Сварете неколку листови босилок. За да ви биде полесно во текот на целиот циклус, пијте по еден мал филџан на секој час (само за време на менструалниот циклус). За да го поправите вкусот, додајте цимет во прав.
Ист ефект има и чајот од магдонос.