сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За подобро варење и сјајна кожа: Како маслото од тиква влијае на здравјето?

За подобро варење и сјајна кожа: Како маслото од тиква влијае на здравјето?

Маслото од тиква се произведува на ниски температури. После бербата, семките се чистат и се складираат. Во текот на преработката, мора да се испржат неколку минути за да се добие масло. Од згмечените топли семки по природен пат, без хемиски додатоци, под висок притисок со добива масло (ладно цедено).

Зошто е здраво маслото од тиква?

Маслото од тиква е особено богато со витамините А, Е, Ц и К. Свежото масло содржи повеќе од 60% незаситени масни киселини. Исто така содржи и витамини од Б групата, омега 6 и 9 минерали (фосфор, калциум, магнезиум, калиум) и траги од елементите жезено, цинк и манган. Содржи и лецитин и салицилна киселина.

Како влијае маслото од тиква врз здравјето

Лечењето со масло од тиква дава најдобри резултати кај следните здравствени проблеми:

-Регулира проблем со зголемена простата

-Лечи инфекции на каналите за мокрача кај мажите и жените

-Го подобрува квантитетот и квалитетот на спермата

-Го регулира холестеролот

-Помага при кардиоваскуларни заболувања

-Помага кај синдромот на иритирани црева како и цревни паразити

-Го подобрува имунолошкиот систем

-Позитивно влијае на видот

-Позитивно влијае на расположението

-Помага при изгореници и кожни заболувања

-Позитивно делува врз тенот кај децата

-Помага при опаѓање на косата

Употреба на маслото од тиква за козметички цели

маслото од тиква често се користи во фармацевстката индустрија во препаратите за нега и лечење на кожа. Благодарение на своите инфламаторни својства, маслото од тиква помага при борбата против акните. А со оглед на тоа што го сузбива хормонот дихидротестостерон, многумина го сметаат како адут во борбата против ќелавоста.