Некои работи на кои мажите во врска се љубоморни не се ниту малку логични. Но, со оглед на тоа што и нив понекогаш ги мачи несигурноста, тоа воопшто не е чудно.
Еве на кои работи тие најчесто покажуваат љубомора:
- Социјални мрежи
Особено ако цело време сте активни на социјалните мрежи. Можат да го вознемират и пораките кои ги добивате доцна навечер, па дури и повиците иако можеби станува збор за повик од колешка која ви јавува дека нема да дојде на работа следниот ден.
- На вашето хоби
Ако сте максимално посветени на вашето хоби и секој момент го минувате уживајќи во него партнерот може да покаже знаци на љубомора бидејќи најверојатно ќе се чувствува отфрлен, како тие активности да го „крадат“ вашето заедничко време.
- На вашите пријателки
Додека некои од самиот почеток се љубоморни на времето кое го минувате со пријателите, кај други таа љубомора се појавува подоцна. Постојат и такви на кои дружењето воопшто не им смета, но одредени истражувања покажале дека партнерите се понекогаш љубоморни на луѓето со кои минувате многу време
- Колегите од работа
Овој вид љубомора најчесто се појавува поради непознавање на луѓето со кои работите , па често ги доживуваат како невидлива закана.