среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За што најчесто се расправаме во врска?

За што најчесто се расправаме во врска?

Во секоја врска има расправии и често се вели дека додека се расправате, макар и за најмали работи, тоа значи дека уште си значите и дека има за што да се борите.

Естер Перел, психотерапевт и експерт за врски од Белгија образложува за што најчесто се расправаме во врска и како се расправаме, во епизода на скандинавското ток шоу Skavlan.

Покрај тоа што Перел смета дека расправиите во врска се „задолжителни“, нејзината теорија е дека во сите врски всушност сите расправии водат корен од три основни теми: моќ и контрола, блискост и грижа и третата – почит и признание.