Колку и да е квалитетна, црната облека со текот на времето избледува, па затоа за неа е потребно особено внимание и одржување.
Ако забележите дека вашата омилена темна маица ја изгубила бојата може да искористите еден проверен трик.
За него потребна ви е само една состојка – црн бибер. Кога алиштата ќе ги ставите да се перат заедно со нив додадете една лажичка црн бибер.
Потоа перете ги на вообичаената програма.