Ако често имате настинка, имате бактериски или вирусни инфекции, воспаленија, се чувствувате уморни, ова се сигурни знаци дека имунитетот е сериозно нарушен. На оваа состојба влијаат бројни фактори, вклучувајќи лоши животни навики, како што се потрошувачка на масна и брза храна, недоволни количини на течности, внесување на прекумерни количини алкохол, како и неправилен сон.
Причини за намален имунитет
лоша хигиена
хроничен стрес
хроничен замор
недостаток на спиење
прекумерна потрошувачка на алкохол
пушење
неправилна исхрана што доведува до намален внес на витамини и минерали
Постои начин да се препознае дека вашиот имунолошки систем е ослабен, а тоа се симптомите кои јасно укажуваат на тоа.
Знаци на слаб имунитет
постојан замор
болки во зглобовите
дигестивни проблеми
ладни рани
чести инфекции
подолго закрепнување од инфекција од вообичаено
потешко заздравување на раните
промени на кожата
опаѓање на косата
За да го зајакнете имунитетот, пред сè обидете се да ги промените вашите животни навики што е можно повеќе, а тоа значи доволно часови сон, 6 до 8 часа, здрава исхрана, доволно течности, а под течности не мислиме на засладени сокови, алкохол или кој било пијалак што поминува низ процес на индустриска обработка.
Пред се, консултирајте се со вашиот лекар за да добиете соодветна терапија.