сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Земјата ќе се најде на удар на силна соларна бура

Земјата ќе се најде на удар на силна соларна бура

Планетата Земја во текот на денешниот ден ќе се најде на удар на густа и моќна соларна бура, соопшти американската Национална агенција за океаните и атмосферата (НОАА).

-Поради неочекувано коронално исфрлање на маса од страна на Сонцето, можно е да се очекува и умерена геомагнетна бура, се наведува во соопштението на НОАА.

Според американскиот метеоролог Тамити Сноу, во текот на ударот на бурата можни се пречки во работата на ГПС уредите и потешкотии при користењето на радио станици.