Кога во едно истражување на мажите им било поставено прашањето: „Во случај да сте принудени да изберете помеѓу врска во која ќе бидете сакани, но нема да бидете почитувани и врска во која ќе бидете почитувани, но нема да бидете сакани, што би одбрале?“, 74% одговориле дека им е поважно да бидат почитувани.
Дали е вистина дека на мажите им треба почит, а на жените љубов?
Зошто жените копнеат по вистинска љубов?
На секоја жена ѝ е потребна љубов и заштита, чувство дека некој ја сака и дека не е осамена. Но, дали ваквото тврдење ги прави жените слаби и незаштитени личности на кои им е неопходна љубов? Дали на жените не им е неопходна почитта толку колку што се зависни од заштитата на своите партнери?
Зошто на мажите им треба почит?
За мажите пресудно е да бидат почитувани и да имаат улога на авторитет во врската или бракот. Нив им треба почит со цел да си го хранат егото, додека љубовта не ја игра најголемата улога.
Дали треба на едно вакво тврдење цврсто да се спротивставиме? Дали и независните современи жени толку копнеат по љубов и заштита што би заборавиле на почитта која ја заслужуваат?
Љубовта и почитта сепак, не можат да бидат толку строго одделени.
Да сакате некого значи да го почитувате, а во многу случаи кога почитувате некого го сакате. Не можеме да речеме дека жените се толку зависни од заштитата на мажите и толку исплашени дека ќе останат сами што би заборавиле дека заслужуваат да бидат почитувани. Од друга страна, дали мажите би сакале жена која го почитува нивниот авторитет, но не негува посебни чувства кон него?
Љубовта и почитта одат заедно во пакет и се вртат во круг. Без почит нема љубов и обратно.
За врската да биде успешна неопходни се и двата елементи, иако никогаш не би смееле да ја исклучиме можноста дека приоритетите кај двата пола се различни. Можеби навистина стравот од осаменост кај жените е поголем отколку кај мажите.