вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Жени, НИКОГАШ не правете ги овие работи кога одите на гинеколог – тоа ги “излудува“ докторите

Жени, НИКОГАШ не правете ги овие работи кога одите на гинеколог – тоа ги “излудува“ докторите

Многу жени од некоја необјаснива причина го одложуваат одењето на гинеколог и со тоа можат да го загрозат своето здравје.

Сепак, важно е да знаете дека редовните прегледи и отворената дискусија со специјалист за женско здравје може да ви го спасат животот. Затоа гинеколозите решиле да ги скршат табуата и брутално искрено да им кажат на жените дека немаат од што да се срамат кога ќе дојдат во ординација бидејќи сето тоа го виделе претходно.

Еве 5 работи што не ги сакаат гинеколозите кај своите пациенти.

1. „Извинете, не сум се избричила“

Не ни е грижа за интимната фризура. Имаме малку време да се концентрираме на прегледот и навистина не ни е гајле што жените се неизбричени. Особено ако нивните нозе се неизбричени. Немаме никаква врска со тоа и тоа навистина не е тема на која треба да го трошиме нашето драгоцено време.

2. Прескокнување на прегледи поради менструација

Менструацијата не е причина да не дојдете на преглед. Денешните пап тестови го дозволуваат тестот и за време на циклусот.

3. Воспоставување дијагноза

Секоја жена добро го познава своето тело, но кога се работи за секрети и други проблеми, многу жени сами си поставуваат дијагноза, што може да има лоши последици.

4. Заборавете да ги споменете лековите што ги земате

Ниту еден гинеколог не сака пациентка која е неодговорна за своето здравје и заборава да ја спомене оваа важна информација.

5. Доаѓање на преглед само кога има проблем

Некои жени одат на гинеколог само кога ќе забележат проблем, а потоа често е предоцна. Многу е важно пациентот да ја разбере важноста на редовниот преглед.