четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Знаете ли што значи симболот триаголник на етикетата на облеката, се појавува во три варијанти

Знаете ли што значи симболот триаголник на етикетата на облеката, се појавува во три варијанти

Дали знаете што значат симболите на етикетите на облеката? Тие можат да бидат прилично збунувачки, па вадењето на вашата омилена облека од машината за перење може да стане непријатно искуство.

Веројатно барем еднаш ви се случило маичката да излезе од машината за перење изгужвана, оштетена или растегната.

Просечната етикета содржи неколку симболи, како што е оној за миење раце што доаѓа во форма на сад и рака.

Има и сад со точки, кој кажува дали треба да користиме студена (една точка), млака (две точки) или топла (три точки) вода.

Вкрстен сад значи дека воопшто не треба да го миете парчето облека, а најдобро би било да го однесете на хемиско чистење кога ќе се извалка. Познат е и симболот во облик на пегла што покажува дали облеката може да издржи таков третман.

Меѓу добро познатите симболи, на некои алишта може да се забележи триаголник во различни форми. Овој симбол се однесува на белење на облеката, а во продолжение прочитајте што значат неговите варијанти.

-Празен триаголник вели дека можете да користите секаков вид белило на таа облека

-Триаголник исполнет со дијагонални линии значи дека можете да користите само белило без хлор

-Пополнет и вкрстен триаголник ни кажува дека не смееме да користиме белило на тоа парче облека за да не го уништиме