20-тите години во нашиот живот се одлични, бидејќи сме млади, нежни и исполнети со многу надеж. Отворени сме кон нови можности, дури и оние лошите.
Но, 30-тите години се посебно искуство. Еве зошто.
Стануваме вистински убави
Луѓето во своите 20-тите се убави, но во 30тите години стануваме свесни за својата убавина. Во 30-тите сфаќаме дека убавината е многу повеќе од надворешната убавина. Постои одредена мистерија за луѓето во нивните 30-тите години кои стануваат сигурни во себе и посмирени.
Сфаќаме кои сме и што сакаме
Во 30тите веќе сфаќаме кои сме и што точно сакаме во нашиот живот. Веќе имаме доволно искуства за да се разбереме себеси како личност. И веруваме на својата интуција и веќе знаеме точно каков избор треба да направиме. Веќе не ја следиме толпата и мнозинството луѓе околу нас, туку нашиот внатрешен глас.
Пофокусирани сме
Веќе не губиме време на неважни нешта и немаме време за лоши пријатели и негативни луѓе. Почнуваме да го средуваме нашиот живот, во однос на работата, врските и финансиите. Насочени сме кон нашите цели и бараме начин како да ги оствариме.
Подобри сме во врските
Можеби сѐ уште не знаеме сѐ за животот, но веќе точно знаеме што не сакаме од врските. Можеме да погледнеме назад и да сфатиме кои се нашите грешки од минатите врски. И, не само во љубовта- стануваме и подобри кон своите родители, пријатели, соседи и роднини.