Ако спаѓате во групата на луѓе кои сакаат да слушаат балади и песни за раскинување иако сте во среќна врска, не грижете се. Ова е всушност добар знак за вашето ментално здравје.
Поврзувањето со тажни содржини за раскинување не мора да го одразува тоа како се чувствуваме за нашите моментални романтични врски. Но, дури и ако ја немаме истата приказна како изведувачот на песната, музиката може да ни помогне да се пронајдеме на други начини.
„Музиката може да биде моќна алатка која ни овозможува да пристапиме до нашите емоции. Можеби сакаме да слушаме тажна музика за подлабоко да ги почувствуваме нашите емоции“, вели брачниот и семеен терапевт Кристин Лозано.
Понекогаш ни треба само добар плач. Песните за раскинување можат да ни помогнат да се одмориме од нашите зафатени животи и да го добиеме многу потребното ослободување од негативните мисли.
„Луѓето уживаат кога можат да ги почувствуваат нивните емоции, особено кога тоа е преку креативен формат. Можат да пеат заедно со песните, додека инструментите ја пружаат музика во позадина, а тоа ви овозможува да ги почувствувате вашите емоции“, рече терапевтката Лозано.
Таа нагласи дека ниту едно човечко суштество не чувствува само една емоција во еден час, ден, месец или година. Затоа, нездраво е да се обидувате да ги потиснете своите чувства. Музиката ни овозможува да ги препознаеме и чувствуваме нашите емоции, а варијацијата на тажната пауза нуди здрав начин да се вклучите во тагата.
„Да слушате балади и песни за раскинување дури и кога сте во добра врска не е лоша работа. Песните за раскинување не се само за љубовни врски. Наместо тоа, тие се за проблеми со родителите, со пријателите и зборуваат за длабочината на промените, болката и немирот. Сите можеме да се поврземе со тоа, без разлика дали некогаш сме раскинале или не“, додаде Лозано.