вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зошто не го сакаме звукот на сопствениот глас?

Зошто не го сакаме звукот на сопствениот глас?

Колку пати ви се случило да го чуете сопствениот глас на снимка и да речете: „Нема шанси ова да е мојот глас“? Дали сме објективни кога е во прашање звукот на нашиот глас, дали е тој навистина смешен или само така ни се чини?

Да, звукот на нашиот глас кој ние го слушаме е многу различен од она што другите го доживуваат, затоа што тој допира до нас преку други канали. Кога звучните бранови од надворешниот свет ќе допрат до надворешното уво, како туѓиот глас, тие проаѓаат низ ушниот канал до ушното тапанче, создавајќи вибрации кои мозокот ги претвора во звук.

Кога зборуваме, нашите ушни тапанчиња и внатрешното уво вибрираат поради звучните бранови кои ги праќаме во просторот околу нас, но тие исто така се изложени и на друг извор вибрации- движењата предизвикани од прозводството на звук.

Нашите гласни жици и дишни патишта треперат и тие вибрации исто така си го наоѓаат својот пат до органите за слух. Телото подобро ги пренесува ниските и богати тонови отколку воздухот, па кога тие два извори ќе се спојат во една перцпеција за сопствениот глас, тој звучи подлабоко и побогато.

Затоа кога ќе чуеме како нашиот глас звучи без сите телесни вибрации, тој звук ни е непознат, може да звучи потполно поинаку, па дури и незгодно, има многу повисок и потенок звук. Или како што би рекле полаички- „попискаво“.

И баш така не слушаат и сите останати, баш како на снимките кои ги слушаме, само нам ни се чини дека тоа не сме ние, затоа што не ги слушаме сите вибрации кои влијаат на тоа да го доживуваме нашиот глас подлабоко и побогато.

Причината поради која не ни се допаѓа звукот на нашиот глас повеќе има врска со психологијата и нашиот став за себе. Исто како што го перцепираме нашето тело и изгледот кога се гледаме на фотографии.

Да, снимениот звук од нашиот глас може да ни делува необично, но ништо повеќе од тоа. И кога некој ќе ни каже дека звучиме сосема океј, тогаш можеме да знаеме дека тоа е објективен суд, а не нашата искривена перцепција.