Ракометарките на Ѓер го освоија третото место на Ф4 турнирот во женската Лигата на шампиони, откако во малото финале во крајно интересен натпревар славеа над данскиот Есбјерг со 28-27.
Унгарките подобро го отворија натпреварот и на полувреме имаа предност од 16-9. Ѓер одлично стартуваше и во вториот дел и во 40. минута стигна до највисоки плус осум (18-10).
По ова следеше голем пад на унгарскиот гигант, што го искористија Данките и на три минути до крајот стигнаа на само минус еден (27-26).
Сепак, во еден неизвесен финиш Ѓер подобро се снајде за конечен триумф од 28-27. Ана Грос со шест гола беше најефикасна кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Вилде Мортенсен Ингстад.