Општина Кавадрци реализираше проект за проширување на улицата „Добри Даскалов“. Оперативата на донаторот „Кожувчанка“ изврши рушење на стара дотраена куќа подложна на паѓање.
Со овој зафат се постигнуваат две цели, отстранување на опасноста за учесниците во сообраќајот, како и проширување на улицата каде куќата со значителен дел од својот габарит ја намалуваше ширината.
Општината ќе реализира проект за проширување на овој дел од улицата кој се наоѓа на дваесеттина метри од спојот со улицата „Тиквешко востание“ поранешна ул. „ЈНА“.