Млади од Кавадарци учат како да реупотребуваат отпад од текстил и храна, во склоп на проектот насловен ,,Втора шанса”, информираше попладнево Роберто Паризов, претседател на регионалното друштво за заштита на животната средина, ,,Еко – живот”. Тој појасни дека проектот има за цел подигање на свеста на младите за реупотреба на отпадот од текстил и храна како и користење и производство на еколошка козметика и средства за хигиена во домашни услови.
– Активностите се дел од проект за млади на нашето друштво, во рамките на Еразмус + програмата. Вчера имавме завршни активности во НВО Инфо центарот во Кавадарци. Партнери во проектот се ,,Еко – живот”, ,,Адел” од Словачка и ,,Креактив” од Полска, додаде Паризов.
Тој нагласи дека со реупотребата на текстил и храна, се намалува отпадот и превентивно се влијае врз зачувувањето на чиста и здрава животна средина. (МИА)