недела, 24. март 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Тен Хаг: Жал ми е за навивачите, но јас сум борец и не се предавам!

Тен Хаг: Жал ми е за навивачите, но јас сум борец и не се предавам!

Англискиот Манчестер јунајтед доживеа два убедливи порази со по 0-3 од Манчестер сити во Премиерлигата и Њукасл во Лига купот, а тоа предизвика ново незадоволство кај навивачите кои побараа оставка од тренерот Ерик Тен Хаг.

„Ѓаволите“ за првпат по 1962 година загубија два натпревари по ред на домашен терен со три голови разлика, но Тен Хаг не се предава и покрај лошите резултати.

„Извинете навивачи, но јас сум борец. Верувам во успех, но јасно е дека во моментов сме во лоша позиција. Преземам одговорност за лошите резултати, но во тоа гледам и како предизвик. Знам дека не сме на добро место, жал ми е за навивачите. Мора да останеме заедно и да се бориме. Секој треба да преземе одговорност и да соработува за да се надмине кризата“, вели Тен Хаг.