На 11 јануари во 1920 година во Скопје е роден Славко Јаневски, поет, романсиер, писател за деца, сценарист, сликар и академик. Во 1945 година излегла неговата прва книга поезија „Крвава низа“.
Неговото книжевно дело е богато и разновидно. Позначајни дела: “Село зад седумте јасени“, „Две Марии“, „Тврдоглави“, „Деветте Керубинови векови“, „Каинавелија“, „Зад тајната врата“ и други.
Носител бил на највисоки македонски и бившојугословенски книжевни и државни награди.
Почина во Скопје, на 30 јануари 2000 година.
Во негова чест во паркот „Жена-борец“ во Скопје е поставен споменик изработен од академик Томе Серафимовски и била именувана читална во Скопје која била пуштена во работа во 2013 година.