Во Прилеп на 17 август 1902 година е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.
Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија.
Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.
Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Во октомври 1990 година бил рехабилитиран.