петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

20 години од смртта на големиот македонски актер Ѓорѓи Колозов

20 години од смртта на големиот македонски актер Ѓорѓи Колозов

Денеска се навршуваат 20 години од смртта на еден од најпознатите актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов.

Тој почина во Скопје на 13 октомври во 2003 година.

Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар.

Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.

При Драмата на Македонскиот народен театар остварил позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Настапил во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други.

Најнови вести