По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа ќе го промовира редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места во 2020 година.
Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2020 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите.
Првиот ваков извештај, МЗЗПР го објави во 2008 година. Оттогаш, се објавува секоја година по повод овој Светски ден за безбедност и здравје при работа.
Истовремено, продолжува иницијативата покрената од 2018 година за целосна реализација на проектот за создавање на најмалиот парк на светот. За таа цел, оваа година ќе бидат засадени и нови 25 дрвца, а бројот на садници ќе го отслика бројот на загинати на работното место во текот на минатата година.
Светскиот ден за безбедоност и здравје при работа е посветен на оддавање почит на сите работници кои своите животи ги изгубиле поради повреда на работа или професионални болест.