Во резултатите кои Државниот завод за статистика ги објави денеска може да се погледне и коплетна листа на сите етнички групи кои живеа на територијата на Македонија.
Меѓу поголемите етнички неуставни заедници се следниве:
3.504 (0,19%) – Бугари
2.406 (0,13%) – Египјани
2.145 (0,12%) – Хрвати
1.023 (0,06%) – Црногорци
Како дел од македонскиот етнос, а од непознати причини се попишани во одделна графа, се и 4.174 Торбеши, 148 Горанци и 455 Муслимани-Македонци.
Еврејската заедница во државава денес брои само 66 лица.
Други помали заедници, а кои ги има над 100, се и:
303 – Руси
294 – Грци
243 – Словенци
166 – Украинци
136 – Германци
126 – Романци
110 – Англичани
103 – Полјаци
Интересно, 344 граѓани се изјасниле како Југословени.
Бројката на оние кои одбиле да се изјаснат за етничка припадност изнесува 450 жители, а 110 се изјасниле во смисла на регионална припадност.