петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

35 годишна Македонка паднала од карпа- состојбата е сериозна

35 годишна Македонка паднала од карпа- состојбата е сериозна

Неколкучасовна операција за спасување се случувала  денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела  паднала  од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема.

Повредената  со хеликоптер „Супер Пума“ на грчкото воздухопловство била пренесена во болницата во Лариса.

Според информациите од грчките спасувачки тимови, состојбата на повредената македонска планинарка, е сериозна.

Засега се знае само дека таа се искачувала на Олимп со уште двајца планинари.

Најнови вести