Откако минатиот викенд, од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, почина млада жена од штипско, беа издадени решенија за изолација за 29 контакти, а една од хигиеничарките во Клиниката за инфективни болести пројави симптоми, Издадени се решенија за излоација за уште 11 контакти.
– Што подразбира здравствениот надзор: контактите на пациентката ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со дежурниот епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Да бидат во не класична изолација, но не треба да бидат во контакт со домашните, за да не се прошири оваа зараза и јас се надевам дека ова ќе биде и последниот случај. Што се однесува до претходните 29 контакти, од нив една, еве, се потврди како случај. Вкупно имаме издадено решенија за здравствен надзор на 40 луѓе. Од овие 11, десет луѓе се од потесното семејство на пациентката и еден контакт е колешка од Клиниката за инфективни болести – рече на денешната прес-конференција Рената Младеновска, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Таа додаде дека и и за Клиниката за инфективни болести било издадено решение за спроведување на протоколите при вакви случаи, а од таму ги известиле дека клиниката постапила по нивното решение и отстранети се недоследностите.