На 6 декември во 1942 година кај селото Папрадиште, велешко, загинала младата партизанка Невена Георгиева – Дуња, која била смртно погодена од фашистички рафал.
Со своите 16 години била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.
Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“.
Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела Вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име.
Родена била во Скопје, на 25 јули 1925 година.