сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„А швалерација забранета ли е?“: Граѓаните со потсмев кон забраната на СДСМ до функционерите кои одат по кафеани (ФОТО)

Функционерите многу им седеле по кафеани. Па така, заседнати, напиени, со богата трпеза, објавувале фотографии на социјалните мрежи, со што буделе револт кај граѓаните. Затоа, СДСМ мораше да ги преземе работите во свои раце, па со одлуката која ја донесе партијата, а ја пренесе генералниот секретар Љупчо Николовски, стана мета на потсмев кај народот.
„А швалерација забранета ли е?“: Граѓаните со потсмев кон забраната на СДСМ до функционерите кои одат по кафеани (ФОТО)

Освен бројните скандали во кои се вплеткани функционери на СДСМ, ниската доверба која ја имаат од народот, а тоа го гледаат по сите предизборни анкети, партијата на Зоран Заев си има и друг голем проблем.

Функционерите многу им седеле по кафеани. Па така, заседнати, напиени, со богата трпеза, објавувале фотографии на социјалните мрежи, со што буделе револт кај граѓаните. Затоа, СДСМ мораше да ги преземе работите во свои раце, па со одлуката која ја донесе стана мета на потсмев кај народот.

Не се само седенките во кафеани забранети.

„Приватни патувања, одмори, седење во кафеани, кафитерии и ресторани не треба да има. Многу важно: Фотографии од кафеани, ресторани, кафитерии воопшто да нема“!-пишува во дописот испратен до функционерите на СДСМ, но и до партиските членови.

На оваа наредба е потпишан Љупчо Николовски, шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ.

Тој, освен што им посочи што не смеат да прават, им наметна и што мора да прават на социјалните мрежи.

На ова реагираа и граѓаните. Тие со доза на потсмев гледаат на оваа одлука испратена од партијата на Зоран Заев.

 

 

Општиот впечаток е дека СДСМ е во голема паника пред предвремените парламентарни избори. Од кога се на власт граѓаните постојано го искажуваат своето незадоволство поради неисполнетите ветувања. Изгледа партијата на Заев мисли дека со “примерно однесување“ на три месеци пред избори ќе си ги “испере“ функционерите кои не уживаат добар углед пред народот.

Најнови вести