Повеќе лица ангажирани во проектот на фирмата „В.Е.З. Трејд“, регистрирана со дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, која добила грантови од 270.000 евра од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку писма уште лани во април ја алармирале директорката на агенцијата Димова за можни злоупотреби
со парите, објави „А1он“.
„А1он“ дојде до овие писма, кои содржат обвинувања за пари исплатувани во кеш, нетранспарентност и немање увид во проектот финанисиран од Националната агенција, а кој го спроведувал сопственикот и управител на „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски.
Неколкумина ангажирани за „А1он“ тврдат дека побарале да бидат изземени од проектот поради сомнежи за незаконско работење, но никогаш не добиле одговор од директорката на Националната агенција, Лидија Димова.
По скоро три месеци од укажувањата до Димова, за случајот е известена и Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) која е надлежна за истражување на злоупотреба на европски пари. Оттаму, одговорот е дека случајот треба да го
истражуваaт домашните служби, затоа што сомневањето на злоупотребите не е поврзано со членови на институциите на ЕУ.
Фирмата В.Е.З Трејд ДООЕЛ, пред да се регистрира со дејност „фризерски салони и салони за разубавување“,е регистрирана како „трговија на мало со мебел, опрема за осветлување и други предмети за домаќинство“. Ова е уште еден од сомнежите, поради кој, дел од тимот се изземал и барал да се истражи случајот.
Целата сторија и документација погледнете ја на „А1он“.