понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ацо Станковски: Македонија стана тоталитарна држава

Станковски вели дека целта на апсењето беше брзо кршење на тие луѓе кои  протестира, а останаа надвор од затворите, но според него тоа нема да се случи.
Ацо Станковски: Македонија стана тоталитарна држава

Реномираниот македонски уметник Ацо Станковски во гостувањето во Отворено студио на ТВ Нова истакна дека политички  систем во Македонија  рапидно се движи кон тоталитаризам.

-Апсењето на уметници е чист знак на еден нацистички, болшевички или фашистички тоталитаризам, додаде тој.

Станковски вели дека целта на апсењето беше брзо кршење на тие луѓе кои  протестира, а останаа надвор од затворите, но според него тоа нема да се случи.

-Дополнително целта на нарачателите на пртворите сакаат да ги користат луѓето кои се во затвор на еден гангстерски начи за уцена на опозицијата со цел прифаќање работи кои ќе наштетат на македонските национални интереси, вели тој.

Имено, Станковски истакнува:  „Овие луѓе против кои протестираа граѓаните претчувствуваа и сфатија дека се спрема велепредавство и распродавање на националните интереси поради туѓи интереси за владеење и зголемување на личното богатството на поединци’’.

Најнови вести