петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„АД Славија годишно има добивка од над 800 илјади евра, а криминалната власт на СДСМ сакаат целиот имот да го продадат за околу 218 илјади евра“

„АД Славија годишно има добивка од над 800 илјади евра, а криминалната власт на СДСМ сакаат целиот имот да го продадат за околу 218 илјади евра“

СДСМ е синоним за раскрчмување на државниот имот по багателни суми. Кога СДСМ е на власт секогаш имаме распродажба на имотот на граѓаните, така беше и со мрачната транзиција, така е и овие 4 години. Зоран Заев, Димитар Ковачевски и СДСМ сакаат да го продадат целиот имот на АД Славија кои вреди повеќе од 20 милиони евра, за само 218 илјади евра. 100 пати помалку од моменталната реална вредност на акционерското друштво Славија. Тотално лудило на оваа криминална власт предводена од Зоран Заев и неговиот пиун Димитар Ковачевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека АД Славија вреди далеку повеќе од онаа вредност за која сакаат криминалците од власта да ја продадат говори и фактот дека АД Славија пријавува приходи на годишно ниво од над 800 илјади евра.

– Или поточно АД Славија на месечно ниво има приходи од над 70 илјади евра, додека пак на моменталното салдо на акционерското друштво има повеќе од 100 илјади евра. Власта бескруполозно лаже дека долгот на АД Славија е повеќе од 17 милиони евра. Јасно може да се види од документите кои се јавно достапни дека долгот на АД Славија е нешто повеќе од 4 милиони евра. И покрај ваквата моментална состојба, вредноста на имотот на ова акционерско друштво е над 20 милиони евра. Криминалната власт на СДСМ треба веднаш да ја стопираат продажбата на АД Славија, бидејќи фирмата приходува и книжи добивка на годишно ниво и има имот во вредност од над 20 милиони евра, се појаснува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека одговорност за овој грабеж, кој е ист како во транзицијата од 90-тите, мора да ќе има.

Најнови вести