Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се пофали дека СДСМ е втора по рејтинг партија кај етничките Албанци во Македонија и дека поддршката за оваа партија кај нив продолжува да расте.
-На Балканот имаше повеќе историја отколку иднина. Анкетите покажуваат дека СДСМ е втора партија кај Албанците после ДУИ. Овa e резултатот од една анкета реализирана пред една недела, истражување направено од институт кој што е веродостоен и верувам дека овој електорат во периодот што доаѓа ќе се зголемува – вели Адеми во интервју за „ABC News“.
Адеми додава дека СДСМ во своите редови има потпретседател Албанeц, има директори во разни институции, а меѓу нив е и директорот за финанциска полиција.
Поткрепа на кажаното на Адеми се и потезите на Заев, Шеќеринска и многумина претставници на партијата, кои сега го „плашат“ народот со поништување на Преспанскиот договор, чин кој има ефект насочен кон Албанците, но не и Македонците. Против договорот се 65% од сите граѓани во Македонија и околу 80% од македонското гласачко тело, покажуваат анкетите.
Соочени со оттуѓување на македонското гласачко тело по серијата антинационални потези, промената на името, уставот, историјата им двојазичноста, сега СДСМ се обидува да допре кај Албанците, кои исто како и Македонците ги излажа за многу работи. Сепак, очигледно е дека проценката на екс Бихаќка е дека имаат подобра шанса за помин кај ова гласачко тело.
Проблемот е што на ваквите предизборни потези сериозно им пречи серијата скандали и рекети кои го урниса СДСМ кај сите етнички заедници, покажувајќи го вистинското лице на партијата, а последните оценки на Транспаренси, ЕСИ, Економиост и микро растот на платите (четири шлаканици во само два дена) го покажаа и докажаа бедниот учинок на сите полиња на Заевата власт.
За потсетување, пред изборите во 2016-та Заев се сретнуваше и со албанската дијаспора во Берн во битка за гласови. И покрај тоа, СДСМ не победи на изборите во 2016-та, кои три пати како опозиција ги одложуваше. Сега се почесто се слуша и ДУИ кои сега инсистираат на него, а тогаш не го почитуваа принципот „победник со победник“ и коалицираа со губитникот. Познавачите велат дека следува тешка и рововска битка меѓу ДУИ, БЕСА, Алијанса од една страна и СДСМ од друга страна во придобивањето на албанските гласови.
Главното прашање на аналитичарите е – Што во новите игри без граници сега СДСМ ќе им понуди на Албанците за да го ублажат се поизвесниот поораз на 12-ти април?