недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аџиоски: Дојде денот кога лагите на власта им испливаа на површина дека со 70 гласови Устав не се менува

Аџиоски: Дојде денот кога лагите на власта им испливаа на површина дека со 70 гласови Устав не се менува

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски преку статус на Фејсбук пишува дека време е за предвремени избори во нашата земја.

„На лагата од власта кратки и се нозете!

Една година ја малтретираат Македонија и македонскиот народ и лажеа дека имале 80 пратеници само за да можат да продолжат да крадат, но дојде денот кога лагите им испливаа на површина дека со 70 гласови устав не се менува.

Време е за предвремени избори и овие неуспешни политичари да заминат на темната страна од историјата затоа што таму им е местото.

#МакедонијаВечна🇲🇰“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести