Денес продолжуваме со носење на овие закони на брза лента низ македонското собрание и на дневен ред е измените на законот за градење. Најголем стратешки интерес на секоја држава е интересот да ги заштити правата и сигурноста на своите граѓани, за кој што вие со овие закони ги загрозивте и нивните права и нивната безбедност ја загрозувате со носење на вакви закони. Закони кои што понатаму ќе продуцираат изградба на прашање на какви автопатски делници, а на граѓаните ќе им останат само да ги плаќаат долговите кои што вие ќе ги направите затоа што ќе плаќате многу повеќе од тоа што е реалност, потенцираше Мирче Аџиоски, пратеник во Собранието на денешната собраниска седница.
Аџиоски во текот на своето обраќање посочи дека власта со законот за градење комплетно ги прескокнува роковите и процедурите кои што се воспоставени во Република Македонија.
-Со овој закон не се кратат роковите, туку се прескокнуваат комплетно и рокови и процедури и на проектирање и на градење кои што се воспоставени во Република Македонија, затоа да не се оправдувате дека сте ги крателе роковите, ги прескокнувате комплетно и ги заобиколувате, рече тој.
Пратеникот Аџиоски укажа дека надлежните доставуваат празна кореспондентна табела на која нема потпис и не се знае кој е потпишан.
-Надлежна комисија за овој закон и за претходниот закон за урбанистичко планирање е Комисијата за транспорт и врски, која ете и нејзе ја заобиколивте, па овие закони одат со европско знаменце по скратена постапка на Комисијата за европски прашања, комисија која кога ќе треба нешто да протуркате што не е добро, ја користите оваа комисија. Секојдневно слушаме од вас за ЕУ, европски вредности, а доставувате заедно со овие закони празна кореспондентна табела, каде што со ништо не се усогласуваат овие закони. Кореспондентна табела на која што нема ниту потпис кој е потпишан, нема име и презиме, има некој скратен потпис кој никој не знае на кој е тој потпис, охрабрете се потпишете го, потпишете ја оваа табела. Зошто вака шверцерски поднесувате кореспондентни табели?, запраша тој.
Аџиоски порача дека најважно за власта е што побрзо да поминат овие закони и да испумпаат провизии и пенали кои им се предвидени.
-Но за вас е најважно што најбрзо да поминат овие закони, да ги испумпате провизиите и пеналите кои ги имате предвидено и затоа се заобиколува комплетно системот во Македонија, додаде Аџиоски.