сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Адмирал“ со демант до „Антикоцкање“: Ги повикуваме надлежните институции до крај да ги расчистат сите околности

„Адмирал“ со демант до „Антикоцкање“: Ги повикуваме надлежните институции до крај да ги расчистат сите околности

Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести, реагираат од Автомат клуб „Адмирал“.

Нивниот демант го пренесуваме во продолжение:

Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и ги повикуваме надлежните институции до крај да ги расчистат сите околности согласно законите кои важат во нашата држава.

Конечно, бидејќи со месеци сме цел на неосновани обвинувања, обиди за дискредитација, како претставници на реномирана странска компанија, ќе побараме од дипломатската мисија на Европската Унија во Република Македонија да изврши мониторинг на тоа како се третираат одредени странски инвестиции, кои вршат дејност исклучиво согласно домашните позитивни законски прописи.

Автомат клуб „Адмирал“

Членка на Групација НОВОМАТИК во Македонија  

Најнови вести