недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокат Јошевска Анастасовска: Нема одговорност пред законот, буквално сите принципи на владеење на правото се прекршени, прејдовме во авторитарен систем

Адвокат Јошевска Анастасовска: Нема одговорност пред законот, буквално сите принципи на владеење на правото се прекршени, прејдовме во авторитарен систем

Во вечерашното издание на „Топ Тема“ на Телма телевизија, гостуваше адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска која за скандалот со бегството на Сашо Мијалков истакна дека сите принципи на владеење на правото биле погазени.

-Сите принципи кои се составен дел од она што значи владеење на правото беа погазени, вели адвокатката.

Таа наброја дел од принципите кои биле погазени и тоа:

-Еднаквост пред законот – ако излезете на улица сега нема да сретнете човек кој ќе ви каже дека лицето Сашо Мијалков е еднаков со сите обвинети, осомничени лица; -Одговорност пред законот – не видовме никаква одговорност, ниту од член на Владата, ниту од некој што е дел на судскиот систем; – Поделба на власта – е еклатантно прекршена дури мислам дека битните луѓе во власта на чело со премиерот веќе не препознаваат што значи поделбата на власта, кога можат на прес конференција без воопшто никаква грижа да велат дека координираат акција, со информации што се случува во Обвинителство, што се случува во судство; -Транспарентност – не видовме транспаретност, во првите два дена не знаевме каде се наоѓа министерот за внатрешни работи, наброи Јошевска Анастасовска.

Адвокатката вели дека прејдовме во авторитарен систем каде премиерот на прес ни објаснува што се е преземено и како е преземено.

Најнови вести