Долгото држење на обвинетите во судовите и секојдневно закажување на рочиштата значи еден вид притисок и заплашување на осомничените за случаевите кои ги води СЈО истакна адвокатот Боро Тасевски во емисијата „Несомнено“ на Алфа ТВ.
Тој како адвокат на обвинетите од случаевите кои ги води СЈО, посочи дека вршење на притисокот врз осомничените им оневозможува да спроведат ефективна одбрана.
– Тоа е еден голем притисок и едно големо оневозможување на одбрана и на обвинетите да формираат ефективна одбрана што е едно од основните начела кој го штити судот од човековите права во Стразбург. Меѓутоа не е само тоа. Ние имаме и други ситуации а таа е следната. Некои од обвинетите е буквално секојдневно не само што се изложени на ситуација да бидат цел ден до спиење буквално држење во судот, туку и секојдневно се на рочишта и тоа на различни судења. Јас би разбрал да има континуитет едно судење меѓутоа вие во тек на една недела од да речеме 4 работни дена на предвелигденските празници да бидете 4 дена во судница за 3 различни предмети па кога тој обвинет човек ќе го оствари своето право на ефективна одбрана? Кога да се подготви и да учествува наредниот ден на ново рочиште по друг предмет а знете дека сите предмети се со огромен доказен материјал. Значи за вакво нешто по мое длабоко убедување не постојат никакви оправдувања и причини истакна Тасевски.
Тој рече дека се обратил и до судиите и до претседателот на судот со барање да се направи соодветно растојание на рочиштата за да може обвинетот ефективно да се подготви. Адвокатот Боро рече дека Законот за кривичната постапка предвидува некои основи за итно постапување меѓутоа во овие предмети такви основи за постапување на итност не постојат.
– Зошто вака да се постапува? Кое е оправдувањето и логиката на институциите на судот и на судиите да вака постапуваат?, праша Тасевски.
Адвокатот прашува и дали е нормално постапување да се останува во судница до 22 часот или пак определен обвинет за најразлични предмети да биде секојдневно во судница. Според него нема никаква правна оправданост за ваков притисок кој им се врши на осомничените.