Допис со обвинувања дека постои договор меѓу обвинителот Бурим Рустеми и Кривичниот суд, пресуди за предметите кој тој ги застапува да има до средината на декември е доставен до претседателот Иван Џолев, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска, републичкиот обвинител Љубомир Јовески и странски амбасади, дознава А1он.мк
Според неофицијалните извори на А1он.мк, во дописот испратен од адвокатот Мерџан Даути, бранител на Елисавета Најдосвска обвинета во „ТНТ“, стои дека за да биде пресудата донесена што побрзо, обвинителот Рустеми бил на средба со бранителот и му посочил дека ќе продолжи на судечкиот совет да ги одбие овие докази на одбраната и тоа ќе биде прифатено.
Рустеми за А1он.мк потврдил дека таа средба се остварила и дека се разговарало за докази, но не дека тие ќе бидат одбиени од судот.
Целата објава може да ја погледнете на А1он.мк