четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот Дукоски: Боки 13 повраќа секој ден и има големи болки

Адвокатот Дукоски: Боки 13 повраќа секој ден и има големи болки

Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ е во многу лоша здравствена состојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски.

Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи болку од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба. Моментно, вели тој Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.

Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Клиника за преглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здравствената ситуација на неговиот клиент. Инаку според информациите Јовановски има направено операција подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.

Најнови вести