петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот Миланов нема да го брани Груевски во „ТНТ“

Адвокатот Миланов нема да го брани Груевски во „ТНТ“

Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапуваше експремиерот Никола Груевски во предметот „ТНТ”, вчера поднел барање дека му го откажува полномошното да го застапува пред судот.

Судијата, Огнен Ставрев соопшти дека Груевски ќе го брани Мехмед Сефери, адвокат кој судот му го додели по службена должност.

На Груевски во овој предмет, како и во останатите на СЈО, му се суди во отсуство.

На денешното рочиште треба да сведочат четворица сведоци, меѓу кои и синот на бизнисменот и сопственик на комплексот „Космос”.  Предметот е во фаза на доказна постапка и судот ги сослушува последните сведоци на СЈО.

Најнови вести