недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот на Димовски: Не постои ниту една основа на која обвинителството бараше, а судот изрече мерка притвор

Адвокатот на Димовски: Не постои ниту една основа на која обвинителството бараше, а судот изрече мерка притвор

Мерката притвор за Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, не е основана. Притворот продолжува да биде казна наместо мерка за обезбедување.

Неговиот адвокат, во изјава за Алфа вели:

-Овој човек го почитува судот, ги почитува институциите, секогаш се јавувал на суд. Димовски го врати пасошот до судот. Притоа не постои ни една основана околност врз основа на која обвинителството предложи, а судот изрече мерка притвор, истакна адвокатот.

Ниту еден од условите за кои се изрекува притвор не се исполнети во овој случај. Имено, Димовски и до сега можел да се даде во бегство, но не го направил тоа.

На сведоци, како што вели адвокатот, тој не може да влијае, бидејќи не е познато кои се сведоците во овој случај.

Трето, делото не може да го повтори бидејќи тој е вработен во министерство кое веќе не е надлежно за такви дејствија.

Најнови вести