понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Адвокатот на Верушевски предложен за нов член на Совет за јавни обвинители

Адвокатот на Верушевски предложен за нов член на Совет за јавни обвинители

Адвокатот Ангеле Илиевски кој го застапуваше Зоран Верушевски како првообвинет во случајот Пуч, е едниот предлог на Собранието за член Советот на јавни обвинители.

Вториот предлог на Собранието за пополнување на испразнетото место во Советот е адвокатот и поранешниот член на Судскиот совет, Ангел Солев кој ја потврдува неговата кандидатура по огласот на Собранието, но вели дека ќе почека формално да заврши постапката.

Двата предлози за нови членови на Советот за јавни обвинители,  се ставени на дневен ред на денешната седница на Комисијата на Собранието за прашања на изборите и именувањата, за кои ќе треба да гласаат пратениците, но за точката сепак денес нема да се гласа.

Според Законот за Советот на јавни обвинители, тројца членови ги избира Собранието на Република Македонија од редот  на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои  двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

Најнови вести