Адвокатот Тони Менкиноски кој е одговорен за тоа што го развеа знамето со ,,Сонцето од Кутлеш” ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд во процесот што се води против него.
Оваа закана стои во документ на судот во Охрид пред кој се води постапката против Менкиноски.
Процесот против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на Менкиноски е дојдена од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Менкиноски е адвокат кој без пари со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.
Сега МВР на Спасовски го гони затоа што во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава го постави огромното македонско етничко знаме познато како знаме со ,,Сонцето од Кутлеш”.
Кога МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски полна да оди по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април адвокатот се пријави дека тој е одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заптити другите учесници.
Судското рочиште е закажано за 16 во Охрид каде во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.