Со цел да придонесам кон справување со коронавирусост бидејќи јавното здравје е заедничка одговорот и од нас зависи како ќе се справиме со овој вирус предлагам неколку предлог мерки, објавува адвокатот Јовица Страшевски.
Неговото соопштение го пренесуваме во продолжение:
- Сите постапки во судовите да се прекинат, освен за предметите каде е определен мерка ефективен притвор.
- За предметите за кои ќе настане прекин во судењето да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии
- Под итно да се судат и предметите за сите лица за кои ќе се утврди кривична одговорност за прекршување на одлуките на Владата а поврзани со корона вирусот.
- Судењата да се одвиваат во двете големи сали во старата и новата зграда на Кривичниот суд со запазување на сите мерки донесени од Владата бидејќи во другите сали многу тешко т.е невозможно е да се исполнат истите.
- По завршување на секое рочиште да се врши дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште
- Секој суд на својата web страница јавно да објави кои предмети ќе продолжат со судење со наведување на точниот термин и сала а не истото да се прави на шалтерите на судовите
- Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици
- Секое лице кое ќе влези во судот да потпише изјава под морална и кривична одговорт дека не патувал надвор од земјата во последните 14 дена но и дека не е во самоизолација
Апелирам овие мерки да ги донесете во текот на утрешниот ден бидејќи секоја задоцнета мерка може да предизвика нови заболени лица со корона вирус. Не дозволувајте она што се случи во Врховниот суд да биде случај и во другите судови на територија на нашата држава.
Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија а Претседателот Пендаровски вондредна состојба поради корона вирусот, судот како државен орган врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права на мене како адвокат како и на сите присутни во салата.