Адвокатот Панче Тошковски во емисијата Отворено на 24 телевизија изјави дека од денешен аспект повеќе од јасна е мислата на правните експерти во Република Македонија дека СЈО беше оформено со единствена цел да го згасне ВМРО-ДПМНЕ.
– Врз основа на незаконити предлози од екс специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, имаме незаконити одлуки за замрзнување на имотот кој што е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е факт. Тој факт го потврди и врховниот суд на Република Македонија со огромно мнозинство, потенцираше Тошковски. Тој истакна дека ако овој факт е потврден од највисокиот суд во нашата државата, неспорен е фактот дека екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го прекршила законот и надвор од нејзините законски овластувања презела незаконски дејствија и затоа беше разрешена за незаконито, несовесно и нечесно работење.
Тошковски исто така додава дека причината поради која СДСМ претходно бараше да и се продолжи мандатот на Јанева беше затоа што Катица Јанева во целосно незаконита постапка надвор од роковите дефинирани со законот за СЈО знаејќи дека не може да постапува сепак презеде дејствија надвор од 30.6.2017 година како што се барање за замрзнување на имот, предлог за определување на мерки притвор и така натаму.
-Зошто ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка на предлозите кои што сакаа да ја продолжат незаконската работа на Катица Јанева која со едногласна одлука беше разрешена за незаконито, несовесно и нечесно работење, заради тоа што јасна беше мислата на еден од правните експерти во Република Македонија неспорен за никого и да и овозможи на власта непречена политичка борба, нагласи Тошковски.