Во денешното обраќање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски предложи промена на точката број 2 Одлука за објавување на јавен оглас за именување на членови на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од редовен однос во втор степен согласно член 77 став 2 во точка број 10. Дополнително тој истакна дека има поважни работи на кои треба да им се даде приоритет и дека во тој дневен ред има закони се со технички грешки кој во иднина ќе биде многу тешко да се исправат.
-Повторно ќе треба да правите правна гимнастика и да го кршите деловникот, но не ги враќате на доработка и преработка со образложение дека немате право да ја цените содржината на истиот закон, а од друга страна знаевте да ја оцените иницијативата за референдум дека не била во согласност со уставот нешто што не е ваша работа и обврска да го правите, но нема каде да бегате од народот. Од народот не се бега и за брзо ќе треба да се соочите со гневот на народот, кои ќе ви каже на следните предвремени и парламентарни избори што мисли за вас и работењето на ова парламентарно мнозинство и дивеењето на ова парламентарно мнозинство во институциите и општо со целата држава. Ова посебно важи за СДСМ кои немаат храброст да се соочат со македонскиот народ и да ја прифатат инцијативата за референдум, па се затскриваат позади претседателот на Собранието Талат Џафери кој е познат по кршењето на Уставот и деловникот на Собранието на Република Македонија и така дозволува таа иницијатива да се отфрли, но ќе ви кажам дека не можете да избегате од народот, а тој ќе ви го каже своето мислење на следните парламентарни избори, посочи тој.