четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Африканска чума потврдена во регионот: Ова се препораките и забраните од АХВ за одгледувачите на свињи

Африканска чума потврдена во регионот: Ова се препораките и забраните од АХВ за одгледувачите на свињи

Заради елиминирање на ризикот од појава и ширење на болеста африканска чума кај свињите во земјава, имајќи ја во предвид епизотиолошката состојба со болеста во регионот каде е потврдено нејзиното присуство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение со сет на мерки кои треба да ги применуваат одгледувачите на свињи во држава за да се заштитат.

-На сточарите кои одгледуваат свињи им се забранува одгледување и испаша на свињите на отворено. За непочитување на оваа мерка, свињите ќе бидат без надомест одземени од сточарите и хумано убиени и нештетно отстранети, соопштуваат од АХВ.

Целиот сет мерки може да го прочитате во продолжение

Решението забранува ставање во промет на свињи преку добиточните пазари и собирните центри.

Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните сите одгледувачи на свињи имаат обврска да ги воспостават и одржуваат основните биосигурносни мерки на фармите. На одгледувалиштата од категоријата фарми со ,,висок ризик,, им се забранува набавка и внесување на свињи доколку ги немаат воспоставено основните биосигурносни мерки.

Со решението наложено е задолжително пријавување на сомнеж на болест или угинување на свињи до најблиското ветеринарно друштво или официјален ветеринар на АХВ. Сточарите треба ажурно да го водат Регистарот на одгледувалиште и во него да ги евидентираат сите активности на фармите.

Фармерите имаат обврска да водат евиденција за движењето на животните кои мора да се идентификувани, со валиден сертификат за здравствената состојба и документ за Ланец на исхрана доколку се транспортираат до кланица за колење. Да се води сметка животните да не доаѓаат во контакт со други животни кои имаат непознат здравствен статус. Од одгледувачите кои нема да ги исполнат условите за движење на животните од решението, свињите ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот, доколку се затекнат во промет.

Свежото месо, подготовките, производите од месо и нус производите од дивите животни приемчиви на болеста, согласно донесеното решение на АХВ, не смее да дојдат во контакт со животните на фармите, бидејќи преку нив може да дојде до пренесување на болеста.

Ловџиите или лицата кои имале контакт со диви приемчиви на болеста животни, не смее да имаат со домашни свињи најмалку 48 часа по ловот.

Болеста африканска свинска чума се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектор – мек крлеж од родот Ornithodoros.

Најнови вести