Амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер при денешната посета на Гостивар направи и кратка прошетка низ градот, па во слаткарница си касна гостиварска баклава. Гостивар е надалеку познат по овој сладок специјалитет на кој не може да му одолее никој намерник ниту ненамерник што ќе помине низ него…
Американската Амбасадорка во баклавата уживаше заедно со градоначалникот Арбен Таравари, претседателот на Советот, Валбон Лимани и директорот на Democracy Lab, Сефер Селими пред да говори на панел дискусија во Центарот за млади и заедницата.