Агум Нухиу, заменик-миниустерот за правда, излезе со соопштение на Фејсбук во кое тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.
На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…
„За предлозите за помилување на некои затвореници, кај заменик министерот за правда не се согласив и секако институционално реагирав!
Предлозите до Управата на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела вознемируваа граѓани и ги уриваа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од министерството за правда.
Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!“, напиша заменик-министерот кој доаѓа од редовите на ДУИ.
Конечната верзија на списокот ќе биде испратен до Комисијата за помилување, во кабинетот на претседателот на државата.