Насер Ајдари, дипломиран правник и државен правобранител беше предложен за нов судија во Уставниот суд на денешната седнца на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат, се предложени за нови членови на Советот за јавни обвинители.
За предложените кандидати на Комисијата немаше расправа. Кворумот за гласање го исполни пратеникот на Беса Фадил Зендели.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во работата на Комисијата, но испратија соопштение до медиумите во кое остро реагираат и, како што наведуваат, се спротиставуваат на нетрпеливоста и неодговорноста на парламентарниото мнозинство и на претседателот на Парламентот Талат Џафери. Тие, според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на опозицијата во Собранието го злоупотребуваат и го користат за продолжување на, како што се наведува, партизацијата што ја прават, овој пат во Уставниот суд и во Советот за јавни обвинители.
– Изборот на Насер Ајдари, функционер на ДУИ на испразнетото место во Уставниот суд и изборот на Ангел Солев и Ангеле Илиевски што според пишувања во медиумите се членови на правниот комиет на СДСМ, претставува класична партизација на овие два органи, се посочува во соопштението.
Го обвинуваат парламентарното мнозинство и Џафери, дека преку Комисијата набрзина, користејќи го отсуството на опозицијата, сакаат да го спроведат политичкиот пазар преку Собранието. Тоа, според нив е доказ, дека тие не се залагаат за независно и силно Собрание. Обвинија дека на Џафери и парламентарното мнозинство не им е битни реформите.
На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата не се гласаше за членовите на одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“ бидејќи ДУИ и Беса имаа несоглаувања околу еден од предложените кандидати. Артан Груби предложи член на Одборот да биде Аслан Хамити, на местото на претходно предложениот од Беса Хусеинџеват Хусеини. Пратеникот Зендели предупреди дека треба да се почитува претходно постигнатиот договор. Седницата беше прекината, но не продолжи поради немање кворум.
Комисијата денеска ги избраа членовите на Буџетскиот совет на обранието на Република Македонија. Претседател на Буџетскуиот совет е потпретедателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, а според Деловникот нејзина заменичка треба да биде претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска, која доаѓа од опозицијата. Членови од пратеничката група на СДСМ и коалицијата се Јован Митровски, Соња Мираковска и Костадин Костадинов, од ДУИ Ејуп Алими и Агим Шаќири и Неџбедин Каремани од Беса. Во Советот членови треба да предложи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата беа избрани и членови на Одборот за доделување на наградата за новинарство и публицистика „Мито Хаџи Василев Јасмин“. За нејзин претседател е избрана новинарката Катерина Блажевска.