сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АЈДЕ OCЛОБОДЕТЕ ГИ ЛУЃЕТО ОД ПРИТВOP, УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА: Митовски открива што кажала Лиле Стефанова пред Русковска

АЈДЕ OCЛОБОДЕТЕ ГИ ЛУЃЕТО ОД ПРИТВOP, УТРЕ ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА СЕВЕРНА: Митовски открива што кажала Лиле Стефанова пред Русковска

Коментирајќи ги разговорите кои што СДСМ ги лиферуваше за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски истакна дека овие бомби Заев ги има чувано во рака подолго време со цел да ги уценува пратениците на опозицијата.

Тој откри дека според сведоштвото на обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, од нив се барало да се укинат притворите за пратеници бидејќи тие ќе треба да гласаат за промена на името, посочувајќи дека веројатно биле уценувани со вакви нелегално снимени разговори.

-Веројатно овие бомби си ги чувале во рака како што впрочем беше и со оние 8-мина за кои впрочем постојат сведоштва забележани, сведоштва како и на кој начин биле уценувани. Вие не заборавајте на сведоштвото на Лиле Стефанова пред Вилма Русковска во врска со случајот Рекет. Лиле Стефанова објаснува дека на Вибер им пуштиле порака, вака и вака, ослободите ги луѓето, укинете ги приговорите, утре треба да се гласа за промена на името, вели Митовски.

Најнови вести